Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва седница со Спасовски како премиер, се бираат негови заменици

Прва седница со Спасовски како премиер, се бираат негови заменици

Техничката влада е избрана, а денеска ќе се одржи и владина седница. Оливер Спасовски не е прв пат во таа сала, но прв пат ќе преседава со седницата како премиер. Ова е и прва редовна владина седница во 2020 година.

“На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Инаку досега вицепрмиер беше и Кочо Анжушев, но тој веќе не е дел од Владата.   


Слично

Поврзани вести