Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва не се менува - МРТ си остана со истиот директор

Прва не се менува - МРТ си остана со истиот директор

Прва како што многумина граѓани ја викаа МРТ кога ја програмираа на бројот 1 на нивниот далеченски менувач. ја задржува традицијата на бавни и долговечни промени. Така актуелниот директор на МРТ Марјан Цветковски е повторно избран да ја извршува функцијата извршен директор.

Цветковски ќе остане забележан како директор на јавен сервис кој одбиваше да ги емитува прислушуваните нелегални телефонски разговори објавени како „бомби“ од Зоран Заев кој тогаш ја предводеше опозицијата со проектот „Вистината за Македонија“.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Тој функцијата генерален директор ја извршува во 2 мандати, од 2012 година. Цветковски лани им напиша писмо на премиерот Зоран Заев и на амбасадорот Џес Бејли во кое вели дека подолг период сметката на јавниот сервис е блокирана поради неподмирени обврски.

Според конкурсот, кандидатите покрај другото, треба да поднесат програма за работа на МРТ за три години и да имаат над пет години работно искуство во комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.

За негов заменик директор е избран Харун Ибраими од страна на Управниот одбор на МРТВ.

МРТ го има еден од најслабите рејтинзи во Република Македонија и се помал број на гледачи на нивните содржини.

Слично

Поврзани вести