Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва доза во петокот и саботата примиле само 4.019 граѓани

Прва доза во петокот и саботата примиле само 4.019 граѓани

Прва доза вакцина против Ковид-19 на вакциналните пунктови во изминатите два дена, односно во петокот и саботата, примиле само 4.019 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 758.622 граѓани, а во изминатиот период од два дена вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. 

Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани. 

„Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, гласи соопштението на МЗ.



Слично

Поврзани вести