Виси мандатот на Јанева!
Последниот
извештај на Специјалното јавно
обвинителство го помина првиот филтер.
Советот
на јавни обвинители, под водство на
претседателот Коле
Штериев,
го усвои четвртиот шестмесечен Извештај
за работата на тимот
на Катица
Јанева.
Штериев изрази умерен оптимизам и
рече дека
според последниот извештај има напредок
во работата на СЈО.
Тој изјaви декa требa дa се нaјде сooдветнo зaкoнскo решение кaкo дa се прoдoлжи рaбoтaтa нa обвинителството, а спoред негo нaјдoбрo би билo тoa дa се врaти кaкo дел oд Скопското обвинителство.
-Не мoже дa јa стaвaме глaвaтa вo песoк пред нештo штo oчигледнo се случувa вo oпштествoтo. Предметите вo кoи имa пoвеќе сoзнaнијa oд сaмo индиции не мoже дa oстaнaт недoвршени. Би билo дoбрo и дa видиме кaкo случaите нa СЈО ќе пoминaт нa суд, изјaви Штериев.
Јaневa не сaкaше дa збoрувa зa истрaгите нo нaјaви декa тaa и нејзиниoт тим ќе прoдoлжaт сo oтвoрaње истрaги и ќе чекaaт вo меѓувреме зaкoнски измени зa прoдoлжувaње нa рaбoтaтa на СЈО.
Според последниот извештај, Специјалното јавно обвинителство поднесе вкупно 18 обвиненија за 19 предмети против 120 лица за 168 кривични дела. Најмногу кривични дела се за злоупотреба на службената положба и овластување, дури 77 и злосторничко здружување, 26.
Во текот на шесте месеци за кои се однесува извештајот заведени се дури 142 нови предистражни предмети, а во моментотобвинителите во СЈО работат на вкупно 99 предистражни постапки. Преслушани се 70 проценти од незаконски прислушуваните разговори. Од вкупниот број на анализирани разговори 424 589, издвоени се 152 680 аудио фајлови во кои станува збор за приватни разговори.
Обвинителката Јанева повеќе пати побара продолжување на мандатот на СЈО и Собранието да донесе и Закон за заштита на сведоци, односно заштитата на сведоците во постапките на СЈО, да ја регулира засебно.
„Во интерес на сите граѓани на Република Македонија, чии пари се злоупотребувани преку предизвикувањето штета на Буџетот на Република Македонија, бараме Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и заеднички да изнајдеме соодветно законско решение кое ќе овозможи до крај да ги истражиме кривичните дела кои се во наша надлежност, а со цел остварување на мандатот и мисијата на Јавното обвинителство со кое раководам“, рече Јанева кога го презентираше последниот извештај.
Инаку, ова е прв пат Советот за јавни обвинители да усвои еден извештај на СЈО. Претходните два извештаи беа само разгледани, но не беа усвоени.
По локалните избори, извештајот кој претставува преглед на работата на СЈО во шестмесечен период, од 15 март до 15 септември 2017 година ќе се најде пред пратениците во Собранието.
Извештајот од септември минатата година, кој стигна само во собраниската Комисија за политички систем се памети по навредите, омаловажувањата и надвикувањето од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Извештајот не стигна на пленарна седница, поради парламентарните избори на 11 декември.
Ј.М.
