Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР НА КОВАЧЕВСКИ СО МИЦОТАКЦИС: Што си кажаа двајцата премиери?

ПРВ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР НА КОВАЧЕВСКИ СО МИЦОТАКЦИС: Што си кажаа двајцата премиери?

Взаемната волја за зајакнување на повеќеслојните билатерални односи и билатералната соработка, со фокус на економскиот и трговскиот сектор, беше изразена на телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Ковачевски и неговиот грчки колега .

Мицотакис му честиташе на Ковачевски за преземањето на функцијата и ја потврди поддршката на Грција за европската перспектива на Западен Балкан и Македонија, согласно дефинираните критериуми.

Грчкиот премиер нагласи дека оваа поддршка е „директно поврзана со целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, кој исто така е дел од пристапниот процес“.

Ова е прв телефонски разговор и прв контакт на премиерот Ковачевски со неговиот грчки колега.


Foto: vlada.mk

Слично

Поврзани вести