Прв собир на работната група за ветингот во МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го отвори првиот состанок со кој стартува работната група за ветингот во МВР.
Оваа група до 1 октомври треба да подготви предлог план кој потоа ќе се достави до Владата на усвојување.
Како што беше најавено од претходните средби, за ова прашање ќе биде потребно и обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти како клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија.
Со ветингот треба да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од истиот во македонската полиција.
Се очекува и кадровска подготовка за замена на вработените кои нема да го поминат процесот на ветинг, а ору тоа функционалноста на системот да не трпи.
