ПРВ РАБОТЕН ДЕН КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК: Лукровски денес ја презема градоначалничката функција во Карпош
Новоизбраниот градоначалник на Карпош,Сотир Лукровски, денеска и официјално ја презема градоначалничката функција во новата општинска зграда, на местото на досегашниот градоначалник, Стевчо Јакимовски.
„Убав ден за нови почетоци!
Денес, 13 ноември – Денот на ослободување на град Скопје, воедно е и мојот прв работен ден како градоначалник на Општина Карпош.
Во свечена и пријатна атмосфера, од страна на Општинската изборна комисија го добив уверението за градоначалник, со што и официјално ја презедов функцијата.
Посебна чест ми беше да ја поздравам Др. Добрила Андоновска, најстариот советник во Општина Карпош, заедно со сите советници, и да им посакам успешно мандатно работење и добра соработка во интерес на граѓаните.
Со големо чувство на одговорност започнуваме ново поглавје во развојот на Општина Карпош – заедно, во служба на граѓаните!“, напиша тој.
Слично
