ПРВ ПОЗИТИВЕН ЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ВО ГРАД СКОПЈЕ: Во самоизолација 28 кои биле во контакт
Во Град Скопје
денеска е потврден прв случај на позитивен на корона вирусот, изјави за Фактор
портпаролот Ваљон Салиху.
Тој истакнува дека поради контакт со инфицираниот, уште 28 негови колеги се ставени во самоизолација и сите ќе бидат тестирани.
-Од денеска и во Град Скопје има вработен кој е позитивен на Ковид-19, по што веднаш е направена целосна дезинфекција на сите канцеларии во тоа одделение. Истовремено, потенцирам дека сите колеги кои имале контакт со заболениот, а вкупно се 28, од денеска остануваат во 14-днева самоизолација, изјави Салиху.
Инаку, до овој момент се уште нема официјална бројка на новозаразени, но според Комисијата за заразни болести, кривата паѓа, и оттаму велат дека денеска е под сто случаи позитивни на корона вирусот.
А.Б.