ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Тргнат пациент кој бил на респиратор
За прв пат во државата пациент заразен со Ковид 19 е тргнат од респиратор.
Станува збор за 37-годишен пациент, кој пред три недели е примен во тешка состојба.
„Пациентот сам дише и неговата состојба сега е стабилна“, изјави директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов.
Додаде дека пациентот пет-шест дена прима озонска терапијА.
За него има протокол на лекување, добива антибиотици и антиинфламаторни лекови.
Во Македонија денеска има осум нови случаи со Ковид 19, оздравен 21 пациент, еден починат.
Починатата е жена од Тетово на возраст од 59 години.Од новите заболени најголем дел се од Скопје.
Слично
