Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв пат Скопје не е со најмногу починати, 17 лица ја изгубиле битката за едно деноноќие

Прв пат Скопје не е со најмногу починати, 17 лица ја изгубиле битката за едно деноноќие

Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на КОВИД-19, соопшти МИнистерството за здравство. Најмногу новозаболени има во Скопје – 64. Во другите градови има едноцифрен број на нови случаи или Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица - по 1.

Регистрирани се 3803 оздравени пациенти Од вкупниот број на оздравени, 3. 564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ.

Пријавени се вкупно 17 починати лица - 3 од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.


Слично

Поврзани вести