Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВ ПАТ ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ - Банката на Велика Британија ги намали каматните стапки

ПРВ ПАТ ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ - Банката на Велика Британија ги намали каматните стапки

Банката на Велика Британија денеска ги намали референтните каматни стапки за прв пат по четири години - од почетокот на пандемијата на корона вирусот на почетокот на 2020 година.

Референтната каматна стапка е намалена од 5,25 на пет отсто.

Банката соопшти дека одлуката е донесена со пет гласа „За“ и четири „против“.

Економистите беа поделени околу тоа дали банката, која е независна од владата, ќе ги намали стапките со оглед на тековните ценовни притисоци во услужниот сектор, кој сочинува околу 80 отсто од економијата на Обединетото Кралство.

Сепак, инфлацијата во Велика Британија веќе падна на два отсто, што беше цел на банката.

Каматните стапки во Обединетото Кралство престанаа да растат една година по серијата зголемувања, но веќе неколку месеци беше јасно дека Комитетот за монетарна политика размислува за намалување.

Слично

Поврзани вести