Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВ ЌЕ ОДГОВАРА ФИЛИПЧЕ, ПО НЕГО МЕЏИТИ: Министрите за здравство седнуваат пред Анкетната за онкологија

ПРВ ЌЕ ОДГОВАРА ФИЛИПЧЕ, ПО НЕГО МЕЏИТИ: Министрите за здравство седнуваат пред Анкетната за онкологија

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. 

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити. 

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.  

За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага, а повремено протести организираат групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак. 

Слично

Поврзани вести