„Прв човек за безбедност лице за кое постојат сомнежи за корупција“: Ковачки распали за Буши „се разбира од европскиот фронт на ДУИ“
Изостанаа реакциите за тоа каков лик го презема МВР до изборот на новата Влада.
Никој не собра храброст да го потсети и да го праша Назим Буши кој му го платил ноќевањето од 20.000 евра во Турција - напиша утрово пратеникот Драган Ковачки од ВМРО - ДПМНЕ на својот Фејсубк профил.
Тој прашува „Зарем е неважно што во моментов за првиот човек на МВР постојат сериозни сомнежи дека истиот Е или може да биде предмет на уцена од тие кои во негово име платиле 20.000 евра за едно ноќевање?“
- Цели 3 седмици прв човек за безбедност во државата ќе биде лице за кое постојат сериозни сомнежи за корупција. Се разбира, ликот е од ,,европскиот фронт” на ДУИ.
Запрепастува и молкот од Јавното обвинителство иако за оваа тема и јас и моите колеги јавно говоревме уште минатата година.
Да не мислат обвинителите дека ќе се заборави и ќе молчиме, или веќе се во фаза на користење на годишни одмори? - прашува претеникот од редовите на победникот на последните парламентарни и претседателски избори, ВМРО - ДПМНЕ.
Еве ја неговата објава:
Неговата објава предизвика бројни коментари:
За потсетување, сторијата дека сега веќе повторно министер за внатрешни работи, тогаш заменик министер Назим Буши престојувал во хотел каде престојот чинел неверојатни 20 илјади евра ја обави најпрво телевизија Ора.
Како што пишува oranews.tv, Заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши потрошил дури 20.000 евра од ноќ за претседателски апартман во хотел во Иснабул.
Фото: Принтскрин/Јутуб
