Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОЗОРЕЦОТ НА ЕУ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Е ОТВОРЕН: Што ни порача Фон дер Лајен за уставните измени?

ПРОЗОРЕЦОТ НА ЕУ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ Е ОТВОРЕН: Што ни порача Фон дер Лајен за уставните измени?

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека изборот е на земјава, но уставните измени се неопходни.

Таа вели дека сите партии треба да дадат поддршка бидејки сега е отворен прозорецот за проширување на Европската Унија. 

На пршањето дали се возможни безусловни преговори, очекување кое го изрази лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со кого таа денеска не се среќава, рече дека уставните измени се неопходни.

Претседателка на ЕК сепак, се надева дека Македонија ќе го отвори првиот кластер од преговорите до крајот на годината. За полноправно членство до 2030 година, Фон дер Лајен вели дека процесот е заснован на заслуги и не е врзан со термини. Не сакаше да говори за внатрешната реформа во Брисел и француско-германскиот предлог за укинување на ветото во текот на преговорите.

Ковачевски пак, вели дека е оптимист за уставните измени, но повика на одговорност во парламентот.

Фон дер Лајен во Скопје дојде како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан за промоција на планот на ЕУ за раст на регионот. Опозицијата е против внесувањето на Бугарите во Уставот. 

Слично

Поврзани вести