Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОВОКАТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ НА СЕВЕРНО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ“: Ташев повторно со „напади“ кон нашата земја

„ПРОВОКАТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ НА СЕВЕРНО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ“: Ташев повторно со „напади“ кон нашата земја

Бугарскиот професор Спас Ташев доцна синоќа се огласи по објавата дека се искршени прозорците на Бугарската амбасада во Македонија. 

Како и многу пати досега, тој со остри критики кон нашата земја, но и со провокативни и навредливи „тонови“ кон нашата нација. Особено „боде очи“ што кршењето на прозорците го поврза со нашето ново име, па овој настан, според него е одраз на „провокативно однесување на северно македонсктие граѓани“. 

Еве што точно напиша тој на социјалните мрежи?

- 1. Не се согласувам со ставот на Министерството за внатрешни работи во Софија дека антибугарските вандалски акти во Северна Македонија се резултат на неактивноста на властите во Скопјe.

Ова дефинитивно не е случај!

2. Антибугарските вандалски акти во Северна Македонија се резултат на очигледното промовирање на провокативно однесување на северно македонските граѓани контролирани од владата во Скопјe.

3. Една мала земја - Северна Македонија - поддржана од поголема соседна земја - Србија - и друга, која е најголема во светот - Русија - водат хибридна асиметрична војна против Бугарија, а нашата извршна власт не презема соодветна контраакција!

4. Од оваа гледна точка, антибугарските вандалски акти во Северна Македонија се исто така последица на несоодветното однесување на извршната власт во Бугарија! - се наведува во неговата објава. 

Еве ја неговата објава на социјалните мрежи: 



 За потсетување, во текот на вчерашнот ден беше пријавено дека е скршено стакло од амбасадата на Бугарија во Македонија. 

Слично

Поврзани вести