Економија, финансии, бизнис

Контакт

Провокативни изјави од дебарскиот градоначалник: Дебар полека станува населба на Тирана

Провокативни изјави од дебарскиот градоначалник: Дебар полека станува населба на Тирана

Скандалозна изјава од дебарскиот градоначалник Ружди Лата беше пласирана во јавноста во интервју за телевизија Арт .

Љата вели дека крвта и душата на Албанците се во Тирана, и смета дека Дебар станува населба на Тирана.

„Единствена надеж за иднината на Дебар е патот на Арбер, ама не заборавајте кога ќе се изгади патот на Арбер, ние ќе заборавиме на другите, крвта и душата ни се во Тирана. Ние имаме во Тирана многу луѓе, само еден податок ќе ви спомнам, во Тирана има 150 доктори на науки само од Дебар и Дебар полека станува населба на Тирана. Нашиот сон верувам полека се реализира и од причина што на инстиктивен начин, кога управуваме едно возило секогаш раката оди десно, накај Тирана накај Албанија, тоа ни е носталгија што ја имаме во душата, во чувствата, во убедувањата свеста итн“, изјавил Лата.

Осуди за оваа провокативна реторика стигнаа од СДСМ.

„Избраните и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата.

Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме“, соопштија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести