Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОВОКАЦИЈА: Павлопулос пак повтори дека Македонија е грчка

ПРОВОКАЦИЈА: Павлопулос пак повтори дека Македонија е грчка

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно е актуелен со провокативна изјава поврзана со нашата земја. 

Македонија е една и е грчка, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, овој пат од церемонија во Костур, каде што беше прогласен за почесен граѓанин.

Вели дека има потреба од „национално единство затоа што секоја поделба е нож во срцето на земјата“, осврнувајќи се на граѓанската војна и нејзините последици. Павлопулос рече и дека братот на неговата жена се борел во Костур каде бил убиен и закопан.

„Денешната годишнина ја инспирира безвременската лекција, но е и конечен одговор на фалсификаторите на историјата, како што рече покојниот Константинос Караманлис дека Македонија е една и грчка. Денес ја славиме 104-годишнината од ослободувањето на градот Костур од турскиот јарем, што придонесе за конечната интеграција на Македонија во нејзината природна историска лулка, во нашето национално стебло, во нашата национална лулка“ - рече Павлопулос.

Ова не е прв пат тој да дава скандалозни изјави. И претходно во неколку наврати го повтори својот став дека Македонија е грчка. 


Слично

Поврзани вести