ПРОВЕРКА И ПРОЧИСТУВАЊЕ НА СИТЕ ДИПЛОМАТИ - најави Османи по разоткриениот инцидент
Сите дипломати ќе бидат подложени на вонреден ветинг.
Ова го најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако вчера беше објавено дека македонски дипломат кој бил баран со меѓународна потерница е приведен во Србија.
„Јас презедов серија на мерки и одлуки, во смисла на одлука за отповикување односно повлекување од мандатот и прекинување на мандатот во Виена, мирување на работното време бидејќи законот не дозволува поинаква одлука се до расчистување на состојбата. Меѓутоа, решив да се направи вонреден ветинг на сите дипломати од МНР користејќи ги механизмите на НАТО сертификати, националните сертификати и други инструменти за целосен ветинг на дипломатите со цел да не ни се случат вакви работи“, изјави денеска министерот Османи.
