Проверете си ја важноста на пасошот ако патувате во овие земји
Доколку патувате во странство неопходно е да го проверите датумот за истекување на пасошот.
Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот. Не ризикувајте да бидете вратени назад од граница.
Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.
Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната, патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет.
Слично
