Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проверете какво време не очекува во новата работна недела

Проверете какво време не очекува во новата работна недела

Во првиот ден од новата работна недела според управата за хидрометеоролошки работи не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Попладне се очекува да има зголемување на облачноста.

УВ индексот ќе биде и денес висок и ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе бидат високи и ќе се движат од 28 до 38 степени.

Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од земјата.

Во Скопје според синоптичарите се очекува сончево време и потопло со мала до умерена облачност и максимални 36 степени целзиусови.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.


Слично

Поврзани вести