Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проверете дали ве има во избирачкиот список

Проверете дали ве има во избирачкиот список

Граѓаните од денеска ќе можат да проверат дали ги има во избирачкиот список. 

Увидот  почнува денеска и ќе трае до 9 септември.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Рокот за заклучување на избирачкиот список  е 24 септември. Тој финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Се интензивираат подготовките за локалните избори. 

Слично

Поврзани вести