ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВЕ ИМА: Избирачкиот список достапен на увид
Од денеска па се до 9-ти септември избирачкиот список ќе биде достапен за јавен увид.
Во него се евидентирани вкупно 1.816.127 гласачи.
11.346 граѓани не се запишани во списокот .
За да проверите дали ве има и дали на следните избори ќе може да го остварите правото на глас погледнете тука.
Се што треба да направите е да го внесете вашиот единствен матичен број и бројот од сликата и да кликнете БАРАЈ.
Ќе добиете повратна информација за тоа дали вашите податоци се наоѓаат на Избирачкиот список.
За пребарување во Избирачкиот список по име и презиме кликнете ТУКА.
Слично
