Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проверени повеќе училишта - дојавите за бомби биле лажни

Проверени повеќе училишта - дојавите за бомби биле лажни

Во дел од училиштата завршија проверките за бомби и се покажа дека дојавите биле лажни. 

Покрај до петте училишта каде што првично беа испратени дојави, подоцна дополнително било пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три школи во Скопје. Проверките во дел од нив сè уште траат. 

Дојавите за бомби денеска беа испратени по електронски пат до пет средни училишта по што беше извршена евакуација на учениците и вработените. Училиштата до кои беа испратени дојавите се: „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полицијата трага по заканувачот. 
фото МИА

Слично

Поврзани вести