Економија, финансии, бизнис

Контакт

Провејува снег на Попова Шапка - сообраќајот се одвива нормално

Провејува снег на Попова Шапка - сообраќајот се одвива нормално

Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов тоа не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. 

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 70 метри има на планинскиот превој Стража, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 150 метри на патниот правец Демир Капија – Гевгелија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На Балканот веќе има снег во повеќе земји. 

Слично

Поврзани вести