Протоколот за влез на Македонија во НАТО влезе во грчкиот парламент
Протокол за прием на Македонија во НАТО влезе процедурално во грчкиот парламент. Иако засега неофицијално, протоколот ќе биде ставен на гласање и ратификација следниот четврток.
Откако грчкиот парламент ќе го изгласа, амбасадорите на сите земји-членки на НАТО ќе го потпишат во Брисел, а генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг, веќе најави дека тоа ќе биде експресно.
Тоа ќе значи дека ниту една земја која членува во Алијансата нема ништо против приемот на Македонија.
Слично
