Економија, финансии, бизнис

Контакт

Противпожарната скала и опремата од 1,7 милиони евра ќе пристигне околу 10 јуни

Противпожарната скала и опремата од 1,7 милиони евра ќе пристигне околу 10 јуни

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најави дека според последните информации со кои располага, околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема, која е купена за 1,7 милиони евра.

- Пожарникарите се хероите на нашиот град. Ги надминавме децениските проблеми со кои се соочува тие, зголемени се платите, додатоците, редовно се исплаќа и хранарината. Од материјален аспект тоа што беше проблем кај пожарникарите е надминато, забележуваме и задоволство помеѓу вработените, што не беше случај до пред една година, најави денеска Шилегов.

Градоначалникот самоиницијативно до Државната комисија за спречување на корупција поднесе писмено барање да ја испита вредноста и начинот на јавната набавка од 1,7 милиони евра на противпожарната дигалка.

ВОпозицијата го обвини Шилегов дека купил противпожарна дигалка која е многу скапа и дека соучесник на операторот-набавувач од Будимпшета е фирма на зет на член на градската управа.

Од Град Скопје велат дека се работи за софистицирана опрема со која може да се интервенира на објекти кои имаат повеќе од  5 ката и дека набавката е спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше 6 месеци.


Слично

Поврзани вести