Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестот заврши со видео-врска на лобистите на претходната власт

Протестот заврши со видео-врска на лобистите на претходната власт

Лобистите на старата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Маријана Петир и Џејсон Мико, се јавија преку видео-врска на протестите пред Собранието за неменување на името во организација на „Млади за Македонија“, а кои вечерва завршија без инциденти, наспроти наводните дојави дека е можна ескалација на насилство..

Американскиот аналитичар Мико наведе дека Македонците мирно и достоинствено, без немири, да се изборат за своето право на самоопределување.

- Ова што го прават е срамота и најголем неморал. Зошто ве манипулираат, кога Македонија и онака е дел од Европа. Ви благодарам за вашата мирољубивост - рече Мико во дел од говорот.

Хрватската европратеничка Петир истакна дека целта на договорот од Преспа, иако во него не е формално така запишано, е да се промени идентитетот на македонскиот народ.

- Сакам да порачам дека за име и идентитет не се преговара - рече Петир.

На крајот се собираа донации за децата на загинатите бранители, по што сите се разотидоа.

Слично

Поврзани вести