Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестот во Охрид против СЈО заврши-Донаторите бараат правда

Протестот во Охрид против СЈО заврши-Донаторите бараат правда

Протестот во Охрид пред СВР каде се собраа членовите на ВМРП ДПМНЕ во знак на револт бидејќи против нив е покрената истражна постапка за изборите во 2014 година од страна ан Специјалното јавно обвинителство заврши.

Дел од повиканите кои СЈО ги викна на распит изјавија дека за нив СЈО делува селективно и бараат вистинска, а не сечлективна правда.

Еден од „донаторите“ пред насобраното членство и новинарите изјави дека распитот траел 5 минути и се одвивал на дрзок начин со повишен тон.

Тие потенцираат и дека од денеска се организираат и почнуваат поход за освојување на новите локални избори кои ни претстојат, а посаквуваат и нови предвремени избори каде како велат народот ќе гласа без притисоци и убедувања.

Како што соопштивме СЈО под истражна постапка стави околу 200 членови и функционери на ВМРО ДПМНЕ, и токму ова беше причина за денешниот протест.

Фото: охрид њуз


Слично

Поврзани вести