Протести „За заедничка Македонија“ имаше и вечерва
72-ри ден граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ попладне организираше протести во поголемите македонски градови.
И денес граѓани излегоа на улиците, за да му дадат поддршка, на како што велат единствотото и интегритетот на Македонија.
Денес во Скопје протестната поворка повторно стигна до зградата на Владата, но го заврши походот пред претставништвото на Европската унија, поради денешниот празник 9 мај - ден на Европа.
„Денеска во службен весник излезе една срамна фалсификат одлука за избор на претседател на Собрание“, изјави Богдан Илиевски еден од организаторите на протестите.
Претставници на иницијативата „За заедничка Македонија“ исто така поставија цвеќе пред споменикот на паднатите борци во борбата против фашизмот. Протестите во започнаа кон крајот на месец февруари. Тие се одржуваат секоја вечер после 17.00 часот по локално време во десетици градови на земјата. На неколку пати во Скопје се собираа десетици илјади луѓе. Поголеми протести има, кога во Скопје пристигнуваат европски политичари, кои се обидуваат да посредуваат во преговорите за излез од политичката криза.
