Протести против албанската влада за бегството на Груевски
Блиски и членови на семејствата на убиените косовски милитанти во судирот со полицијата во Диво Насеље протестираат во Пеќ додека се одржува заедничка седница на владите на Косово и Албанија. Од членовите на албанската влада се барало и објаснување како тогашниот македонски премиер Никола Груевски бил пропуштен да избега во Унгарија преку влез и излез од Албанија.
Протестот за судирите во Куманово на 9 и 10 мај 2015-та се одржале пред хотелот Дукаѓини, а според транспарентите, се бара објаснување за тоа каква е состојбата на преживеаните членови од групата и се бара нивна заштита од страна на државата.
Во Диво Насеље загинаа 14 милитанти од Косово, а 34-ица се осудени за тероризам, од кои осуммина доживотно.
Слично
