Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Протести пред Собрание против законот за јазици, пратениците почнуваат повторно дебата откако Иванов стави вето

(ГАЛЕРИЈА) Протести пред Собрание против законот за јазици, пратениците почнуваат повторно дебата откако Иванов стави вето

Во 10 часот пред Собранието патриотските здруженија почнаа со протести против Законот за јазиците и промена на името.

Демонстрантите порачуваат „НЕ за политиканство“, извикуваат „Слобода, слобода“ а пораките кои ќе бидат испратени се исти како и од саботата.



„Ќе упатиме ултимативно барање до претседателот да донесе конечна одлука со која ќе ги одбие сите предлози и процеси за промена на името на државата и ќе иницира постапка за признавање на Република Македонија во ООН под уставното името“, се вели во најавата за протестот.


Протестот, како што рекоа е против антиуставниот, дискриминаторски, сепаратистички Закон за двојазичност, промена на името и нелегитимните капитулантски договори и преговори, а во паркот Жена спроти собрание се потпишува и петиција .


Во собрание сега ќе започне повторно разгледувањето на Законот за јазици на кој претседателот му стави вето, и сега пратениците повторно ќе дискутираат.

Имено, 32 илјади амандмани од ВМРО ДПМНЕ се поднесени за овој закон.

ФОТО: ФАКТОР

Слично

Поврзани вести