Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протести пред ОЈО во Скопје за неправдата на прегазеното дете Алмир

Протести пред ОЈО во Скопје за неправдата на прегазеното дете  Алмир

Стотина револтирани граѓани се собраа пред Јавното обвинителство во Скопје да ја бараат правдата за убиството на малиот Алмир кој на  25 јуни 2016 година беше прегазен  по расправија помеѓу неговиот татко и обвинетиот Бобан Илиќ која прераснала во физичка пресметка. Илиќ со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето, во обид да избега.

За да го искажат својот гнев за преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ во „несреќен случај со смртни последици“, граѓаните предводени од актерот Висар Вишка протестираа.

Тој го обвини републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дека лажел пред Собранието дека преквалификацијата на делото од „убиство" во „сообрќајка со смртни последици" го потпишал неговиот претходник Марко Зврлевски.

Револт кај граѓаните и поради тоа што  Основното јавно обвинителство – Куманово наместо да го конфискува „мерцедесот" со кој е прегазен Алмир, го вратило на семејството на обвинетиот.

„Поради ваквата истражна постaпка; уништување на доказите, односно на оружјето со коешто е извршено делото; пристрастноста на Јавниот обвинител при водењето на постапката; „шетањето" на квалификацијата на делото од основото кон вишото и републичкото обвинителство, односно поради саботажа на правдата во случајот Алмир, бараме изземање на Јавниот Обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, Сузана Кусигерска", порачаа демонстрантите.

Слично

Поврзани вести