Протести и прослава во Скопје, улиците се затвораат во центарот
Поради двата најавени протести во Скопје, денеска со почеток во 10:30 часот некои улици ќе бидат делумно затворени за сообраќај во текот на денот. Ограничувања ќе има на булеварот. „Гоце Делчев“ на потегот од ул. „Беласица“ во правец на булевар „Илинден“, потоа во правец од булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Климент Охридски“.
Посебен режим во Скопје ќе имаат одредени улици поради најавениот протест со почеток во 13:30 часот од „Плоштад Скендербе“ до канцеларијата на ЕУ, булеварите „Гоце Делчев“, „Илинден“ и „Климент Охридски“ ќе бидат етапно затворени.
Полицијата апелира до сите граѓани вклучени во сообраќајот да ги почитуваат наредбите дадени од униформираните полицајци и да ги почитуваат сообраќајните правила.
Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје почнувајќи од 11:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11-ти Октомври“ и „Димитрие Чупоски“ во еден правец, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
До завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат уште:
– бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
– ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,
– кеј „13–ти Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
– ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.
