Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест за спас на Кожуф, реката ќе ја стават во цевка

Протест за спас на Кожуф, реката ќе ја стават во цевка

Екоактивистите и локални жители од Гевгелија, Кавадарци и Демир Капија одржаа  централен протест во одбрана на една од последните чисти реки во Македонија – Дошница на месноста Смрдлива вода на Кожуф.

Од таму порачаа дека ќе сторат се за да ја заштитат реката која заради изградба на две хидроцентрали треба да биде ставена во цевка и со тоа да биде загрозен живиот свет и биодиверзитетот и чистата вода која е вековно обележје во регионот.

- Тука живее автохтона пчела, со две ходроцентрли , ќе се изгуби огромно богаттво кое е наследено од нашите претци. Треба да го оставиме местото во чиста форма за нашите поколенија. Пораката е јасна - хидроцентрали ќе нема на реката Дошница, ќе ја браниме со жив ѕид, рече пчеларот Кристијан Алчинов.

На протестите им се придружи и пратеникот од Левица, Саше Јанчев, кој рече дека ова е само првиот обрач на одбрана. Тежината на Кожуф, еколошка, културна и историска е испреплетена со судбината и приказната на цела Македонија.

„Без разлика дали станува збор за генерации и генерации кои од него воздух дишеле, од Кожуф вода пиеле, плодови јаделе, песни пееле или пак станува збор за плејада комити и партизани кои се криеле во пазувите на Кожуф и од тука борба воделе со душманите.

И затоа не случајно на денешниот протест за одбрана на Дошница и Кожуф имаше луѓе од преку 15 града од Македонија. Тука се скршиле многу душмани на Македонија, ќе се скршат и сегашниве. Минихидроцентрали на Дошница НЕМА ДА ИМА!“, порача пратеникот на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести