Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ ЗА ИМETO: Некој не е чесен и го лаже македонскиот народ

ПРОТЕСТ ЗА ИМETO: Некој не е чесен и го лаже македонскиот народ

Патриотските здруженија пред Собранието попладнево протестираат против промена на името на Република Македонија. 

Медијаторот Метју Нимиц пристигна во земјава и утре ќе се сретне со политичкиот врв. 

Граѓаните пред Собранието носат македонски знамиња и транспаренти со кои порачуваат дека не сакаат промена на името. 

Демонстрантите рекоа дека наместо добредојде на Нимиц, ќе го потсетат на негова изјава за името во 2013 година, дадена во Њујорк. Во изјавата тој рекол дека има нарушување на човековите права. 

„Како да прифатиме некое решение за коешто самиот медијатор изјавува дека е прекршување на човековите права. Зошто се води овој спор сите овие години? Зошто политичарите во Македонија го водат овој спор?. Значи некој не е чесен и не е искрен“- прашаа на протестот. 

Организаторите велат дека ќе испратат директна порака до медијаторот, Метју Нимиц да се повлече од позицијата за посредување на спорот со името, проблем што го оценуваат како наметнат, крајно асиметричен и апсурден.

Слично

Поврзани вести