Протест во Струга откако 21-годишна девојка со „мерцедес“ усмрти 17-годишен велосипедист
По последната несреќа во која 21-годишна девојка со „мерцедес“ усмрти 17-годишен велосипедист на регионалниот пат Охрид-Струга, стружани денес излегоа и протестираа пред општината.
Тие побараа проширување на овој пат, изградба на велосипедска патека до Охрид по примерот на патеката меѓу Лин и Поградец во Албанија. Тие, исто така, побараа зголемено присуство на полицијата за време на викендите, кога има повеќе велосипедисти.
Организаторите велат дека ова е само првиот чекор во нивниот обид да ги принудат властите да преземат соодветни активности. Ако не, тогаш протестите ќе продолжат. Овој пат беше реконструиран пред две години, но и покрај ветувањата за изградба на велосипедска патека, тоа не се оствари.
„Сите што сме дојдени овде денес, можеби 80 отсто од нив, сме доживеале сообраќајна несреќа или сме биле удрени од автомобили. Патот е широко користен за рекреативни цели, од велосипедисти и спортисти. Тој пат во моментов е најбезбеден. Не се само велосипедистите кои страдаа на тој пат. Таму загинаа и мотоциклисти, но и други во сообраќајни несреќи. Веројатно десет или повеќе “, рече Никола Кутаноски, велосипедист.
