Протест во Скопје, полицијата и денес не дозволи пристап до Влада
Демонстрантите во Скопје кои бараат оставки од премиерот Никола Груевски и останатите членови на Владата, и денес почнаа да се собираат на протестот пред Владата, каде полицијата повторно им го спречи пристапот.
Од 5 мај протестите се одржуваат секојдневно, а протестот пред Влада е блокиран за демонстрантите.
Поради тоа активистите на невладините организации за заштита на човечките права ја критикуваат власта, наведувајќи дека го крши со Уставот загарантирно право на граѓните на протест.
Првиот протест почна на 5 мај, откако опозициската СДСМ обелодени дека момчето Мартин Нешковски до смрт беше претепано од полицаец на должност.
Демонстрантите бараат од премиерот и останатите владини функционери да преземат одговорност и да поднесат оставка.
(Фотографија: Фејсбук)
