Протест во Куманово против УЈП
Во Куманово за утре попладне е најавен протест пред зградата на Управата за јавни приходи (УЈП), поради барањето на ретроактовно оданочување на граѓаните кои имале приходи од странство од 2020 година наваму.
лјадници кумановци низ годините заминуваа да работат во американски бази во Ирак и Авганистан, па се смета дека овие граѓани се најпогодени.
УЈП соопшти дека има над 9.000 граѓани кои ѝ должат пари на државата по овој основ – подложни на оданочување се само приходите кои граѓаните ги имале додека биле во земјава (а, на сметките им пристигале пари од странство). Голем број граѓани сега се растрчани и да извадат документи и да приложат докази дека во периодот за кој им се бара да платат данок, не биле во земјава, туку во странство, каде платиле данок на тамошната држава.
