ПРОТЕСТ ВО КОЧАНИ: Граѓаните бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“
Кочанчани бараат слобода за приведените кои спасувале млади луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во неделата изби голем пожар во кој загинаа 59 луѓе.
За приведените лица, од кои дел биле и обезбедување на објектот, вечерва група граѓани ја искажаа својата поддршка, барајќи тие да се ослободат.
На собирот во Кочани граѓаните револтирано реагираа против полицијата, истакнувајќи дека е срамота да се закануваат кон граѓаните на Кочани кои протестираат поради трагедијата.
Еден од луѓето на плоштадот рече дека бил повикан во полициска станица, каде што бил посочен како главен организатор на протестите и насилството.
Досега се приведени 18, а задржани се 16 лица. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани.
