Протест против Законот за употреба на јазиците во Штип
Во Штип вчера беше одржан протест против Законот за употреба на јазиците. Голем број на граѓани излегоа да го искажат својот револт. Тие не се согласуваат со воведувањето двојазичност и велат дека тоа ќе ја наруши унитарноста и посебноста на Македонија.
Донесувањето на овој закон од страна на владиното мнозинство предводено од СДСМ сметаат дека е предавнички чин.
25 членови од законот ја регулираат употребата на јазиците.Двојазичноста ќе се применува во сите државни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања.
Слично
