Протест пред резиденцијата на Иванов
Педестина демонстранти синоќа протестираа пред резиденцијата на претседателот на државата и бараат средба со Ѓорге Иванов за одбрана на уставноста на Македонија.
Демонстрантите бараат претседателот да ја извести ООН дека Македонија ги прекинува разговорите (преговорите) за името со Република Грција и да се поднесе барање до Генералното Собрание при ООН со изгласување преку просто мнозинство од присутните земји членки на ООН да се продолжи членството во ООН како Република Македонија.
Како што пишува мкд.мк демонстрантите исто така бараат од Иванов да го повика Зоран Заев и од него да побара оставка бидејќи ги прекршил сите точки од гарантното писмо, кое го доставил до претседателот пред да го додели мандатот за составување на влада.
Припадници на полицијата ја обезбедуваат канцеларијата на претседателот.
