Протест пред ОЈО за ослободување на приведените во собраниските инциденти
Денеска пред скопското обвинителство се одржа протест во кој пријатели, роднини и семејства на приведените кои добија притвор по инцидентите и насилниот упад минатиот четврток во собранието побараа да се ослободат притворените.
„Тие луѓе не треба да бидат притворени бидејќи тие луѓе се патриоти кои 65 дена секој ден мирно и достоинствено излегуваа на улиците на Македонија и на градот Скопје се со цел зачувување на Република Македонија која е држава на сите граѓани која е мултиетничка, а не држава која ќе биде двојазична и бинационална“, изјавија дел од оние кои им изразија поддршка на приведените.
Демонстрантите кои дојдоа пред ОЈО упатија апели скопското обвинителство да ги ослободи тие луѓе бидејќи ништо лошо немале направено.
