Протест пред МОБ во Скопје, на министерот Љутков му беше кажано дека треба да се платат сметките
Синдикатот на културата синоќа организираше протест пред Македонската опера и
балет, поради укинувањето на Колективниот договор за
култура, што предизвика конфликт помеѓу државата и вработените во овој сектор
На транспарентите можеа да се прочитаат пораки како „Секоја улога носи години труд на грб“, „Уметниците треба да живеат од својата работа“, „Почитта кон трудот се покажува со дела“, „Трудот во културата не е трошок“, „Аплаузот не плаќа сметки“, како и „Ова што ќе го гледате и слушате вечерва е труд, не привилегија“.
Дел од пораките беа директно насочени кон министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. На еден од транспарентите било испишано: „Љутков, твоите колеги ќе помнат дека ја уби културата“, придружено со илустрација на, како што наведуваат организаторите, „мртов“ колективен договор.
