Протест на „Вакцинацизам“: Ќе ги оставаме децата во градинките и без дозвола
Новото движење кое е против забраната на власта за оставање на децата во градинките без претходна вакцина против мали сипаници „Вакцинацизам“ протестираше синоќа пред Министерството за здравство. Родителите велат дека нема да ги поколебаат ниту најавените високи парични казни и дека ќе ги оставаат децата во градинките и без дозвола тоа да го направат.
- Време кога владеат најниски морални и етички стандарди и на кои ништо не им е свето. Оваа власт се дрзна да ги забрани најсветите човекови права и оди против родителскиот инстинкт да го заштити сопствениот пород. За седум случаи на морбили, Кампањата со подло темпирана со заплашување на населението за да се оствари тендер за вакцини од 11 милиони евра, скапи спотови и средства за соросоидни пи-ар опашкари. Затоа не може да ни наметнете оневозможување на општествени услуги на дел од населението. Оваа власт има да ги почитува сите човекови права и меѓународни конвенции. Сегрегацијата е одлика на нацизмот и бараме власта да го запре психолошкиот терор. Нашиот правен тим подготвува преставка до народниот правобранител за дискриминација врз основа на здравствен статус и колективна тужба за ваквата постапка со која ќе се бара материјална оштета за денгуба и душевно малтретирање. Родителите масовно ќе продолжат да ги оставаат децата во градинките со и без ваша дозвола - порача Дарко Георгиев од здружението „Секој има право на слободно вакцинирање“
Откако министерот за здравство Венко Филипче објави дека нема да има прием во градинките за невакцинирани деца од морбили, а до синоќа тоа се одвиваше масовно и до сега има нови 1.000 случаи на имунизирање.
