Протест на работници ангажирани на автопатот Кичево-Охрид, со месеци не зеле плата
Македонските работници ангажирани од фирма подизведувач за изградба на автопатот Кичево-Охрид со месеци не ги добиле изработените плати, па затоа решија да протестираат.
Работниците се пожалија дека воопшто не знаат каде да се обратат за своите проблеми, забележувајќи дека никој не води грижа за нивна заштита согласно одредбите на потпишаните договорите.
Тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им бидат исплатени сите заостанати приходи, притоа барајќи од СВР – Охрид да им обезбеди услови за штрајк со блокирање на сообраќајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.
Слично
