Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест на новинарите против заканите на Асани

Протест на новинарите против заканите на Асани

За утре во 11 часот е најавен протест на новинарите пред Влада на РМ. Протестот е резултат на заканите кои ги упати функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани  имаат цел да ги заплашат  сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото. Сите копилиња на пладне пред Влада“, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија.


Слично

Поврзани вести