Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Бараме властите да покажат дека се залагаат за слободно изразување!

ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИТЕ ПРЕД ВЛАДА: Бараме властите да покажат дека се залагаат за слободно изразување!

Денес пред Владата на РМ новинарите излегоа на протест со кој  дадоа поддршка на нивниот колега и претседател на ЗНМ, Насер Селмани. Тие бараат да се обелодени и расчисти случајот во кој Беќир Асани функционер на ДУИ упати закани до нивниот колега и го нарече „копиле“. 


На овој протест се присутни и повеќето портпароли на владата кои се поранешни новинари.

Поранешниот новинар Роберт Поповски кој сега e министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност истакна дека владата не е единствената институција за реагирање.

Претседателот на Здружениието на новинари Насер Селмани упати силна порака до насилниците.

„Не му се плашев на Груевски кога неговите силеџии ми се закануваа. Не им се плашам ниту на насилниците на ДУИ. Сега е време да се направи разлика, кој е со насилниците, а кој е за слободна Македонија. Уште една порака до моите колеги, да продолжат со работата, никој ништо не им може“, рече Селмани

Новинарите бараат Владата да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, посебно кога е во прашање слободата на изразување и интегритет на новинарите.

Слично

Поврзани вести