Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ: На Драчевци им дојде „преку глава“ од проблеми со Катастарот

ПРОТЕСТ: На Драчевци им дојде „преку глава“ од проблеми со Катастарот
Жители на скопско Драчево го блокираа главниот пат што минува низ населбата во знак на протест против хаосот настанат со новиот премер на катастарските парцели. Се жалат дека тешко стигнуваат до документи, а треба да плаќаат и нови геодетски елаборати за парцелите кои ги поседуваат.
„Се сомневаме на масовен фалсификат - едни парцели се зголемени, други се намалени. Има сè и сèшто! Заради тоа кога ќе отидат луѓево по документи, ги тераат да прават елаборат. Ако удрите математика дека секоја куќа има по 10 ниви такви, тоа ќе ги чини 2.000-3.000 евра“, вели жител на Драчево.
Од Агенцијата за катастар на недвижности велат дека знаат за имотните проблеми во Драчево, но тоа според нив не се решава на улица. Најавуваат дека од понеделник ќе започнат со работа мобилни шалтери во Драчево, со што на жителите ќе им биде олеснето да си ги средат имотно-правните проблеми.  
Слично

Поврзани вести