Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест на 3 ноември пред Влада на клубови кои бараат ваучери од Агенцијата за млади и спорт

Протест на 3 ноември пред Влада на клубови кои бараат ваучери од Агенцијата за млади и спорт

Ракометни и кошаркарски клубови од пониските рангови на натпреварување за денеска најавуваат протест пред Владата затоа што не добиле ваучери од Агенцијата за млади и спорт. Инаку, преку овие ваучери државата финансиски ги помага спортските колективи преку даночно ослободување на донаторите.

Клубовите најавуваат дека нема да играат во понатамошниот дел од сезоната доколку не ги добијат бараните ваучери. Бојкотот во лигашкиот дел од натпреварувањето и протестот пред Владата го предводат Дарко Петровски од РК Аеродром и Благоја Кечовски во името на кошаркарските второлигаши.

Ракометните и кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување го продолжуваат својот бојкот во сениорските и млади категории поради недобиените ваучери од страна на АМС. На 3 ноември в недела во 12 часот своите натпревари ќе ги продолжат пред Владата во форма на мирен протест под мотото „Политиката надвор од спортот“. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава. Воедно, ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг и преставници на ракометната и кошаркарска федерација да ја дадат својата подршка со активно учество на самиот протест“, се вели во соопштението.

Од таму бараат преку законски измени да се допрецизира кој се може да добие ваучер и со тоа да се реши нивната егзистенција. Воедно, најавен е и нивен протест, пред Владата на Македонија.




Слично

Поврзани вести