Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ: Мој термин за чист воздух!

ПРОТЕСТ: Мој термин за чист воздух!

Во понеделник од 17 до 18 часот ќе се одржи протест во градскиот парк.

Целта на протестот според организаторот е искажување на револт заради огромното аерозагадување. 

Во повикот за граѓански собир протестантите велат дека ќе протестираат од неколку причини:

-Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска Банка.
-Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
-Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
-Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
-Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.

Здружени граѓански иницијативи:
- Скопје Смог Аларм
- Скопје бара чист воздух
- Let's do it Macedonia - Ајде Македонија 
- Сакаме Аеродром да дише
- No Pasaran!
- Во одбрана на Дебар Маало

Слично

Поврзани вести